Родив здрав син, а, една прошетка промени сè: Мислевме не му е ништо, а, потоа тој се бореше за живот 2 месеци

Нашиот син имаше само четири недели кога требаше да се бори за живот, сето тоа заради навидум потполно неважна работа

Ешли Вајт (21) неодамна стана мајка на мало, совршено здраво момче по име Ноа. Првите четири недели од неговиот живот поминале во совршен ред. Ешли и нејзиниот син дури отишле на крштевка кај блиски пријатели, а набргу потоа забележале дека десното око му е отечено и дека му солзи.

Загрижена, таа го однела детето на лекар каде и било кажано дека најверојатно на бебето му е само блокиран каналот за солзи. 

Сепак, неколку дена подоцна, Ешли забележала дека се формираат плускавци околу окото. Таа веднаш повторно го однела бебето на лекар. Претходно, вели таа, ги гуглала сите симптоми и се плашела дека нејзиното дете има херпес и веднаш му ги соопштила своите сомнежи на лекарот. 

- Прочитав некаде приказна за бебе кое го имаше истиот случај и се покажа дека има вирус. Она што не го знаев е дека, дури и ако немате треска или рана, сепак можете да бидете активен носител на вирусот, што значи дека никогаш не можете да бидете премногу внимателни, вели Ешли.

И по низа тестови, навистина било утврдено дека Ное страда од смртоносен вирус на херпес симплекс 1.

Лекарите и рекле дека најголеми се шансите бебето да го бакне возрасен човек, носител на вирусот, а Ешли заклучила дека тоа можело да биде само на крштевањето каде што била со детето.

Ноа поминал два и пол месеци во болницата, борејќи се за својот живот. Денес е девет месеци. Во март оваа година, тој повторно се бореше против херпес, но исто така победи и ќе биде на лекови до крајот на годината. 

- Благодарение на брзата реакција на Ешли, ја зафативме инфекцијата пред да се прошири во крвотокот. Сега сè е во ред и покрај тоа што треба редовно да се прегледува, сè друго треба да биде добро - вели еден од лекарите, додавајќи ги симптомите на кои треба да обрнете внимание:

- Летаргично и нервозно дете.

- Дете без апетит.

- Висока температура.

- Осип и рани на телото, но и во внатрешноста на устата.


Фото: Profimedia