Предлогот на Заев за двомесечен минималец ги зовре синдикатите: Ниту една земја не намали плати, има и самохрани родители

Добивај вести на Viber

Вонредната економска мерка што ја предложи вчера претседателот на СДСМ, Зоран Заев, наредните две плати на поголемиот дел од вработените во јавниот сектор да изнесува колку што е минималната во Македонија предизвика најголема бура од реакции во споредба со останатите кои генерално беа прифатени позитивно.

Вработените во се она што се смета за јавен сектор, јавна администрација на државно и локално ниво ќе земат минимална нето плата од 14.500 денари за месеците април и мај, најави вчера Заев.

„Важно е да се напомене дека оваа мерка не се однесува на вработените лекари и медицинскиот и помошен персонал, полицајците и војниците и тие што работат со нив и околу нив, за помагање за справувањето со Корона вирусот. Во вакви времиња, најповикани сме на солидарност. Подобро да издржиме два месеци, солидарно, на минимална плата, отколку да дозволиме крах на економијата и последици по сите“, напомена меѓудругото лидерот на владеачката партија чии предлози се очекува да се преточат во уредба на техничката влада за време на вонредната состојба.

СОНК, синдикатот на просветарите и научните и културни работници, предводен од Јаким Неделков, објави дека не ја прифаќа оваа, навидум за нив, солидарна мерка, бидејќи како што велат од таму, во ниту една земја од регионот немало кратење на плати. Според синдикатот, особено не е фер кон наставниците и професорите, кои вложуваат напори со алтернативни форми да ја реализираат образовната програма во услови кога нема настава.

„Денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, господинот Зоран Заев, со изнесување на  предлог – мерки за намалување на економската криза и помагање на стопанството, конкретно, за намалување на платите во јавниот сектор за повеќе од 50%, во нашето членство предизвика големо незадоволство, загриженост, несогласување, немир, страв за сопствената егзистенција, егзистенцијата на сопственото семејство. СОНК смета дека оваа мерка е премногу радикална и дека голем дел од вработените ќе ги доведе до работ на егзистенцијата. Ова не сакаме да звучи егоистички, меѓутоа, сметаме дека предложените мерки директно ќе удрат врз работниците, што реално се и најмалку платени во државата. Особено реакциите се жестоки од страна на просветните работници, кои, во интерес на учениците, индиректно и на државата, вложуваат надчовечки напори преку алтернативни форми и методи, во домашни услови, да ја реализираат планираната програма“, се вели во реакцијата на СОНК.

Целиот текст прочитајте го на Фактор