Предмет кој многу лесно го пренесува коронавирусот: На површината се задржува дури 5 дена

Експертите откриваат дека преку овој предмет многу лесно се пренесува вирусот

Во борбата против пандемијата коронавирус принудени сме времето да го поминуваме во домашна изолација, а домот да го напуштиме само тогаш кога е неопходно. Со движењето ризикуваме да се заразиме со вирусот КОВИД-19, бидејќи тој може да се пренесе преку воздухот, доколку заразената личност кива или кашла, а можеме да се заразиме и преку допирање на контаминираните предмети, пишува „Дејли стар“.

Со оглед на тоа дека едно истражува докажа дека новиот вирус преживува и на цврсти повржини, експертите напоменуваат дека би требало да обрнеме внимание на својата облека и обувки кои ги носиме.

Имено, многу лесно можеме да се инфицираме со КОВИД-19 преку чевлите кои ги носиме на места каде што има многу луѓе, како што се канцелариите, јавниот превоз и трговските центри. А, кога еднаш вирусот ќе се најде на синтестичката ткаенина, може да остане таму со денови.

Целиот текст прочитајте го на Хаштаг.