Преку вложување во урбаниот парк, Скопје Сити Мол со позитивно влијание врз емоционалниот и социјалниот развој на децата
Скопје
Сити Мол, следејќи ги трендовите и барањата на заедницата, на општина Карпош и
своите соседи им подари нов урбан парк кој изобилува со содржини пред сѐ за деца од
различна возраст, но нуди и содржини наменети за различни генерации. Кога
станува збор за детските реквизити, во паркот е поставена различна опрема – од кула
за качување позната како “ДНК“ кула, до лулашка, “твистер” кој наликува на змија, лизгалки и многу други атрактивни елементи кои
ги повикуваат децата на игра. Детските реквизити се со потпис на германската
компанија “Берлинер“, која во светот на опремата за детски игралишта е синоним
за безбедност, но и опрема која стимулира детски развој. Но кои се всушност бенефитите
од времето поминато на децата на ова ново игралиште – дел од урбаниот парк?
Голем број различни истражувања од областа на психологијата, социологијата и педагогијата се правени за да се открие кои фактори влијаат врз детскиот развој и како да се стимулира истиот во поволна насока. Истовремено, истражувана е и детската игра од различни аспекти, меѓу кои и играта во рамки на детските игралишта. Дојдено е до заклучоци дека детската игра на игралиштата влијае на неколку различни сегменти од развојот на децата и тоа – на емоционален, на социјален, на психичкиот и креативниот развој, како и на физичкиот развој.
Неструктурираната слободна игра, односно играта без правила, ограничувања и насоки го поттикнува емоционалниот развој на децата на три клучни начини. Ја гради самодовербата кај децата поттикнувајќи ги да пробаат работи кои до тој момент не ги пробале. Па така на пример, децата кои при посета на детското игралиште дел од паркот пред Сити Мол за прв пат ќе се соочат со “ДНК“ кулата или пак некоја од другите реквизити, се соочуваат со предизвик. Вака, качувањето по “ДНК“ кулата иако можеби не е премногу едноставно, на крај ќе биде наградено со чувство на самопочит и самодоверба кај детето. Без разлика дали играат сами или во група, играта им дава на децата самодоверба да комуницираат со другите или да си играат сами.
Посетата на овој урбан парк со детски реквизити им овозможува на децата да искусат низа емоции кои вообичаено не им се достапни во други ситуации. Кај помалите деца, имагинацијата им овозможува на децата да ја надминат реалноста, како на пример висината на кулата или залетот на лулашката, на начини што ги поттикнуваат да се справат со страшните чувства – како на пример освојување на “замок“ со искачување на “ДНК“ кулата, или пак храбар лет додека се лулаат. Кај постарите деца, слободната игра може да им помогне да развијат животни вештини како хумор, толеранција и спонтаност, а најважно од сè, учат да развиваат трпение. На пример, чекајќи ред пред Сити Мол за да си игра на некоја од реквизитите, детето “вежба“ справување со фрустрацијата и здодевноста.
Играњето во рамки на детското игралиште како она пред Скопје Сити Мол, им помага на децата да надминат одредени трауми кога децата се мали, како на примре загуба на милениче. При ваква ситуација, кај децата се создаваат интензивни емоции кои најчесто тие не ги препознаваат, па најдобро е преку игра да ги ослободат емоциите и споделат чувствата.
Она што е многу важно во денешното динамично време, е улогата на играњето во креирањето емоционална поврзаност со родителите. Сетете се на ова следниот пат кога вашето дете ќе ве повика да им помогнете да седнат убаво на лулашката, или пак да ги држите додека го прават првиот чекор на “ДНК“ кулата. Барањето помош во ваквите ситуации, кога родителите и децата ги споделуваат овие активности, помага да се создаде силна емоционална врска и чувство на доверба.
Една од причините зошто децата со нетрпение го очекуваат одењето во урбаниот парк пред Скопје Сити Мол е можноста да се видат со своите другарчиња и да се вклучат во активност со нив надвор од училишните клупи. Играњето во паркови и игралишта им овозможува на децата да стекнат нови пријатели, па дури и да научат како да се справат со стресни ситуации. На овој начин, додека децата си играат едни со други, учат критични секојдневни вештини и лекции за дружење со другите, општествени норми, па дури и независност. Воедно, кога децата измислуваат игра и правила, или едноставно се договараат за тоа кој прв ќе се лизга на лизгалката, тие мора внимателно да слушаат што зборуваат другите деца. На овој начин учат како да побараат појаснување, како да преговараат и да прават компромиси. Учењето да се слуша е една од суштинските вештини за луѓето, а токму урбаниот парк со игралиштето лоцирани пред Скопје Сити Мол се простор каде оваа вештина може да процвета.
Многу детски игри кои се случуваат токму во овој парк не вклучуваат победник или губитник, туку се заедничка активност што вклучува заедничка цел. За да се постигне таа цел, децата учат да работат заедно и да си помагаат едни на други. Стануваат дел од тим кој работи заедно. Преку ваквата заедничка игра децата ги учат улогите во една средина. Играњето улоги им помага на децата да ги разберат реалните односи. Почнуваат да учат за улогите и културните правила што ги одредуваат, развиваат врски и потоа ги тестираат, можеби толку често колку и секое ново патување до паркот кај Сити Мол. А доколку наместо во група, детето игра само, тоа му дава можност да ги набљудува другите деца додека играат и да дознае кои се нормите во групата. Потоа, кога сакаат да се движат кон групна игра, тие се посвесни за правилата што се очекуваат од учесниците. Играњето сами, исто така, помага да се стимулира креативноста и имагинацијата на децата и на крајот им помага да развијат независност.
Иако кога детската игра на игралиштата ќе се разгледа во детали изгледа комплицирана, на крајот од денот оваа активност е една од оние кои инстантно ги расположува децата и ги повикува на интеракција, дружба и многу забава. Затоа, за оние кои веќе го имаат посетено новиот урбан парк пред Сити Мол – користете го секој слободен миг на вашето дете да му пружите можности за подобар развој и тренирање на важни вештини преку игра на различните реквизити во паркот. Доколку пак сѐ уште не сте го посетиле, ве охрабруваме да се подготвите и да појдете во урбаниот парк пред Скопје Сити Мол, затоа што дружбата и забавата се загарантирани, а придобивките – огромни.