Престанав да дојам по само три месеци, не зашто немам мелко, но зашто сакам да одморам: Мајка предизвика бура реакции со својата одлука

„Доев скоро три месеци и сега решив да ги одморам градите“, објави Камеран Еубанкс, објаснувајќи дека нема никакви здравствени проблеми или недостаток на млеко, но тоа е нејзина одлука.

Иако не е секогаш лесно, сите знаеме дека придобивките од доењето се доста импресивни. Светската здравствена организација препорачува исклучително доење до шестиот месец, продолжување на доењето до две или три години со друга храна и во ред е да трае до четвртата и петтата година на детето, доколку на детето е потребно..

Сепак, дали овие препораки можат да важат за секоја мајка и бебе? Мајки престануваат да дојат од различни причини и честопати доживуваат негативни коментари како резултат. Токму поради овој притисок многу од нив не сакаат да зборуваат за доењето, па интересно е што американската ријалити sвезда Камеран Еубанкс призна дека престанала да дои по три месеци затоа што решила да ги „одмори градите“.

„Денес решив да престанам со доење. Доев скоро три месеци и сега решив да ги одморам градите. Додека го пишувам ова, се надевам дека и другите мајки ќе се чувствуваат помалку осамени. Видете, не престанувам да дојам затоа што немам повеќе млеко или затоа што сум болна, се откажувам затоа што така планирав. Мој избор." - напиша мајката Камеран на својот Инстаграм профил во јануари. 

Камеран одлучи јавно да каже зошто нејзината одлука што е добра за неа. 

„Знам дека ќе ми одржиш предавање и ќе ме осудиш, но тоа не ми пречи. Ми треба слобода за моето ментално здравје, а шишето и формулата тоа ќе ми го дозволат. Не си лоша мајка ако не сакаш да доиш. Среќната мајка е најдобриот подарок што можете да му го дадете на вашето бебе (тоа е барем мое мислење) “ - напиша таа во својот пост.

Нејзиниот пост предизвика големи реакции, илјадници жени ги објавија своите коментари, а многу од нив дури признаа дека мразат доење, но едноставно не сакаат тоа јавно да го кажат. Неодамна, актерката Џесика Алба објасни и зошто престана да го дои своето трето дете.

 „Се чувствував како да сака да дојам 24 часа на ден, што е навистина голем предизвик кога се обидуваш да се вратиш на работа и имаш проблеми со млекото“, објасни Џесика, мајка на две девојчиња и момче.