Престижен златен медал за италијанскиот вински бисер LA SCOLCA – ексклузивно вино кое е достапно и кај нас
La Scolca Gavi dei Gavi Black Label 2022 и La Scolca Gavi del Comune di Gavi 2022 и оваа година ги освоија вкусовите на најпребирливите и најстроги вински критичари во светот, во случајов Џејмс Саклинг кој со своето четиридецениско искуство во областа се смета за еден од највлијателните светски вински критичари.
Овие две вина кои кај нас може да се најдат по исклучително достапни цени единствено во Wineberry Bistro & Shop и во ресторанот SushiCo, освоија неверојатни 90 и 91 поен на еден од најреномираните меѓународни натпревари за вино. На скалата на оценување, вината кои освојуваат 90 или над 90 поени се сметаат за извонредни вина или вина со супериорен карактер и стил.
Вкусете ги едни од најдобрите вина во светот- LA SCOLCA, по многу достапна цена екслузивно во Wineberry Bistro & Shop и ресторанот SushiCo.
ПР објава