Претажно: Песната „Змај“ на Индира Радиќ ја крие најтажната судбина
Пејачката Индира Радиќ е на сцената скоро три децении, за тоа време отпеа голем број хитови, но се покажа дека нејзината публика најмногу ја засака песната „Змеј“, која ја издаде во 2003 година.
Сепак, малкумина ја знаат тајната за овој безвременски хит и приказната за тоа како настанале зборовите во кои се пронајдоа многумина.
Имено, момчето и девојката во песната се запознале и се вљубиле во средно училиште, а по десет години врска, закажале свадба.
Но, девојката тогаш дознала дека има рак на панкреасот, во напредна фаза. Свадбата била откажана, а таа, додека била во болница, напишала писмо до своето момче. Иако побарала од него да го прочита писото кога таа ќе почине, тој се напил и го отворил писмото истата вечер. Утрото кога дошол во болницата, таа била почината.
Нејзиното писмо е всушност текстот на песната „Змеј“.