Преубаво другарке, честитки, чекаме поп албум: Елена Ристеска ја пофали новата песна на Каролина
Каролина Гочева ја објави нејзината најнова песна на српски јазик „Дај на сунце“, за која сними и видео запис во црно бело.
Честитки за песната на Каролина пристигнаа на нејзиниот Инстаграм профил, а пејачката ги сподели на инста стори.
Помеѓу честитките кои ги доби Каролина се од Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Зоки Бејбе, Цаци Паковска, Панчо, Лара Ивановска и уште многу други домашни познати ѕвезди.
„Преубаво другарке. Честитки, чекаме поп албум“, напиша Елена Ристеска.
Каролина и се заблагодари и напиша „Ленко моја“.
Песната за еден ден собра над 19 илјади прегледи.
Пофалби за песната, пејачката доби и од корисниците на платформата Јутјуб каде што е објавено видеото.
„Браво Каролина, Квалитет, емоција, едноставност и перфекција“, „Каре браво, оригинална уникатна убавина, се „да ти сунце“, да сонце наше македонско“, „Совршена. Се надминуваш со секоја песна. Се залепи за срце и душа“, „Константно на „рипит“ веќе 30 минути откако е излезена. Волшебна како и секогаш. Браво Керол“, се дел од коментарите.
Фото: Инстаграм