Придобивки од лутеин и зеаксантин – моќни антиоксиданти за здрав вид

Добивај вести на Viber

Лутеин и зеаксантин се два вида на каротеноиди. Каротеноидите се соединенија кои и даваат карактеристична боја на храната. Тие дејствуваат како антиоксиданти и играат витална улога во различни функции на телото бранejќи го организмот од нестабилни молекули наречени слободни радикали.Кога слободните радикали се прекумерни во телото, тие можат да ги оштетат клетките, да придонесат за стареење и да доведат до прогресија на болести како што се срцеви заболувања, рак, дијабетес тип 2 и Алцхајмерова болест.Но,лутеинот и зеаксантинот се пред се важни за одржување на здравјето на очите. Тие се  единствените диетални каротеноиди кои се акумулираат во мрежницата, особено во регионот на макулата на задниот дел на окото.Бидејќи ги има во концентрирана количина во макулата, тие се познати како макуларни пигменти.Студиите покажуваат дека  имаат способност да го заштитуваат човековото тело од фототоксичното оштетување и од токсичните ефекти на слободните радикали, ултравиолетовото зрачење од сонцето, зрачењето од компјутерите и телевизорите, вештачкото осветлување и сл. Со нивното присуство во макулата на човечката ретина и во човековите микро-кристални очни леќи  играат важна улога во заштитата од старечката макуларна дегенерација и катаракта (старечко перде) и исто така штитат од појавата на одредени видови на канцер. Откако ќе се внесат во организмот, тие се таложат на macula lutea (жолта дамка) и ретината, како и во леќата на окото.


Поради нивниот недостиг настануваат дегенеративни промени во овие делови на окото.Макулата е одговорна за острината на видот и способноста за перцепија на бои, но таа способност со годините се намалува. Со зголемен внес на овие каротеноидни пигменти ризикот од појава на старечки катаракт (макуларна дегенерација) се намалува за околу 30 – 50 проценти.Нивниот недостиг исто така се поврзува и со други очни болести како дијабетска ретинопатија и глауком (покачен очен притисок). Промената на нивото на шеќер во крвта може да доведе до промени во нестабилноста на диоптријата.Има промени во крвните садови на мрежницата и развој на дијабетична ретинопатија. Овие промени се случуваат постепено, па колку подолго трае дијабетесот, толку се поголеми шансите да се појави оваа очна болест.Во основата на болеста е оштетувањето на нормалните крвни садови, што го спречува нормалниот проток на крв и исхраната на мрежницата. Борејќи се против тоа, организмот создава нова неквалитетна крв која е склона кон истекување и појава на крв во околното ткиво. На површината на мрежницата се формираат лузни и ленти (мембрани), што може да предизвика одлепување на мрежницата.Крвните садови може да се формираат и да се прошират кон ирисот, што доведува до секундарен, комплициран глауком.Овие соединенија не се синтетизираат природно во организмот и затоа е потребно да се внесуваат преку диететски додатоци (суплементи) или преку храна богата со овие каротениди: темно зелен лиснат зеленчук како кељ, спанаќ, грашок, брокула.Добар извор на лутеин и зеаксантин е и овошје со портокалова боја.Високи концентрации на лутеин се наоѓаат и во жолчката од јајцето. Овој лутеин има голема биорасположивост ( поради липидната матрица во која се наоѓа). Лутеинот и зеаксантинот ,,работат” подобро заедно и поефикасно се борат против слободните радикали кога се комбинираат, во дози кои варираат од 2-10 милиграми.

Мр.Фарм Лидија Пешталеска

Пр објава