ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Кога ова ќе го сфатите повеќе ништо нема да биде исто!
Понекогаш луѓето ќе дојдат во вашиот живот и знаете дека треба тука да бидат. Ќе ве научат некоја лекција или ќе ви помогнат да сфатите кои сте или кој сакате да станете.
Никогаш не можеш да знаеш кои се тие луѓе (цимер, сосед, соработник, долгогодишен пријател или некој странец), но кога ќе се погледнете очи во очи знаете дека тие ќе влијаат на вашиот живот.
Да не се тие никогаш нема да го откриете својот потенцијал, сила, волја. Се се случува со причина. Ништо не се случува случајно. Болест, повреда, љубов, се случуваат за да ја тестирате главната граница на вашата душа. Без овие мали тестови, без оглед на тоа што тие се, животот би бил како мазен поплочен, прав, пат кој води до никаде.
Луѓето кои влијаат на твојот живот, на успесите и падовите кои ги доживуваш, ти помагаат да создадеш зрела личност. Од овие искуства може многу работи да научите.
Ако некој те повреди, изневери или ти го скрши срцето, прости им бидејќи ти помогнале да научиш за довербата. Ако некој те сака, сакај го безусловно не само затоа што те сака тебе, туку затоа што на некој начин те учи како да го отвориш своето срце.
Дозволи си секој ден да ти е важен. Уживај во секој момент и сфати дека ниту едно доживување нема да ти се повтори.Разговарај со луѓето со кои претходно немаш разговарано. Заљуби се, ослободи се и постави си високи цели.
Држи ја главата горе, бидејќи на тоа имаш право. Создади си сопствен живот и живеј го без да жалиш.