,

Принцот Луис полни три години: Пресладок и на велосипед позира пред фотоапаратот на мајка му, војвотката Кејт (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Откако британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт им се вратија на обврските и се активни повторно по погребот на принц Филип, денес објавија фотографија од своето најмало дете, кое денес полни три годинки.

Малиот Луис е фотографиран од неговата мајка Кејт пред палатата Кенсингтон, семејната куќа во Лондон, непосредно пред Луис да замине во блиската градинка, објави Ројтерс.
На фотографијата е насмеаниот Луис, на црвен велосипед и со училишна торба на грб.


Принцот Луис Артур Чарлс од Кембриџ, петти по ред до тронот, е роден на денот на Свети Џорџ, 23 април 2018 година, во приватната болница во Лондон.

Тој беше крстен кога имаше 11 недели, од страна на архиепископот Кантербери Џастин Велби, во Кралската капела во палатата „Свети Џејмс“ пред пријателите и семејството.

За минатиот роденден, кога Луис наполни две годинки, Принцот Чарлс и неговата сопруга војвотката од Корнвол му посакаа на својот внук „Многу среќен роденден“ на нивниот профил на Твитер со фотографија од принц Филип.
На фотографијата, најмладиот и најстариот принц позираат прегрнати


Поврзани вести: