Природата скоро никогаш не греши: Татјана Стојановска со фризура што ја носела во младоста и денес – споредбата нема разлика
Препознатливиот телевизиски лик Татјана Стојановска која е презентерка на Дневникот на Канал 5 Телевизија плени со нејзината убавина и во нејзината петта деценија.
Таа објави фотографија од нејзините помлади години и денес, а на фотографијата не може да се забележи некоја поголема разлика. Татјана изгледа исто и во 20-тите и во 40-тите години.
Имиџот на виткана „природна“ коса, кој е нејзин препознатлив знак презентерката сè уште го негува, но не пред ТВ екраните.
На фотографиите објавени една до друга, Татјана напиша:
„Денес со "натурална" фризура што многу ретко, скоро никогаш не ја носам на екран. Фризура што ја носев во младоста. Денес сум со сличен стајлинг како од сликата за табло“, напиша Татјана.
Под фотографиите не изистанаа коментарите и епитетите за презентерката:
„Убава од дете“, „Нема некои посебни отстапувања од некогаш и сега. Убава отмена како и секогаш“, „Убавината не се брише“, „Ама секогаш си прекрасна...и тогаш, а сега уште повеќе“, „Остави ја, виткана. Се сеќавам на сликата. Таква те запознав. Од Мис титула, право во емисија „Добро утро, добар ден““, „Природата скоро никогаш не греши“, се дел од коментарите.
Убави коментари, Татјана доби и од нејзините колешки, Ели Танасковска, Ирена Спировска, Живкица Клетникова кои не се штедеа со комплименти.
Фото: Фејсбук