Пристигна уште едно кралско бебе: Се породи внуката на кралицата Елизабета II

Добивај вести на Viber

Според традиционалниот кралски протокол, името на момчето сè уште не е откриено

Британската принцеза Евгенија роди син во вторникот во болницата Портланд во центарот на Лондон, соопшти Бакингемската палата. Нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк бил со неа при раѓањето. 

"Ова е првото дете на принцезата Евгенија и Џек Бруксбанк. Нејзиното кралско височество и нејзиното дете се добро", се вели во соопштението.

Името на момчето сè уште не е откриено, според традиционалниот кралски протокол. Принцезата Евгенија е ќерка на принцот Ендру, вториот син на кралицата Елизабета и принцот Филип, и Сара, војвотката од Јорк.

Таа е десетта по ред за тронот и една од осумте внуци на кралицата. Со раѓањето на синот на принцезата Евгенија, кралицата сега има девет правнуци.


Фото: POOL/Reuters/Pixsell/