Приведен на граница: Панки од „Куку леле“ осомничен за криминал

Македонецот што беше уапсен при влез во Грција, а кој се барал и со европска потерница, распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати, е Сашо Кимовски-Панки од бендот „Куку Леле“, неофицијално дознава НетПрес.

Според потерницата, 52-годишниот осомничен, во 2006 од два банкомати во Минхен, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците и со поставување на дополнителна тастатура.

Уапсениот бил изведен пред јавен обвинител во Солун, а во следниот период надлежниот суд ќе одлучи дали 52-годишниот ќе биде екстрадиран во Германија или не, јави претходно дописничката на МИА од Атина.