Прогласен е за најубав Италијанец на светот, му нудат слава и богатство, а тој сака да биде свештеник

Добивај вести на Viber

Фото: Instagram

Прогласен е за најубав Италијанец, што му донесе бројни деловни понуди од светот на шоу-бизнисот. Но, Едоардо Сантини не сака да биде на јавната сцена. Неговиот избор е нешто сосема друго. Овој 21-годишен дечко ги откри своите животни планови, кои за неколку години радикално се променија.

Едоардо Сантини пред четири години ја понесе ласкавата титула „најубав Италијанец“. Кога ја доби таа круна, рече дека сака да се занимава со танцување и глума. Се запишал на студии на овие гранки на уметноста, но сфатил дека тоа не е негов сон.


„На 21-годишна возраст сум на пат да станам свештеник, ако даде Господ“, рече тој, откривајќи дека се зачленил во богослужба во близина на Фиренца, недалеку од местото каде што е роден.


„Решив да се откажам од манекенството, глумата и танцувањето, но нема да се откажам од сите мои страсти, само ќе ги живеам поинаку, нудејќи му ги на Бога“, рече тој.


Едоардо Сантини запознал млади луѓе кои „му дале сила да ја истражува вокацијата кон која се стреми уште од детството“. Сега студира теологија и работи во две парохии на Фирентинската епархија. Во видеото кое минатата недела го објави на Инстаграм истакна: „Се вратив на вистинскиот пат“, пишува „Дејли Мејл“.


Извор: zena.blic.rs