ПроКредит Банка со награда за најеколошка компанија
Согласно јавниот конкурс на Град Скопје за општествено одговорни компании ПроКредит Банка АД Скопје беше избрана како најеколошка компанија која има успешна примена на интерни стандарди и придонес во зачувување на животната средина.
ПроКредит Банка континуирано имплементира мерки за намалување на негативното влијание кон животната средина преку интерно изграден Систем за управување со животна средина, сертифициран со ИСО 14001. Како дел од применетите мерки од страна на ПроКредит Банка може да се напоменат:
· 66% од возниот парк на банката се електрични/хибридни автомобили
· полнач за електрични автомобили во дворот на Централната Управа достапен за бесплатна јавна употреба
· сопствена фотонапонска централа за производство на електрична енергија
· систем за селекција и рециклирање на отпад
· употреба на геотермални и топлински пумпи за ладење и греење на Централната Управа
· употреба на хартија која има сертификат за оддржливо шумарство и имплементација на дигитални потписи за секој вработен со цел намалување на потрошувачка на хартија
· континуирана едукација за покренување на свесност за заштита на животната средина.
Покрај овие интерни мерки во работењето на банката, ПроКредит Банка се стреми и кон одговорно кредитирање и утврдување на ризик кон животната средина од инвестициите кои ги финансираат и промоција на еко кредитирање. Досега ПроКредит Банка има пласирано преку 80 милиони евра во кредити за обновниви избори на енергија, енергетска ефикасност и проекти за подобра животна средина. Повеќе детали за еко стратегијата на ПроКредит Банка може да прочитате на следниов линк.
“Како компанија која стратешки имплементира мерки за намалување на негативното влијание кон животната средина за нас претставува чест и задоволство да бидеме пример на еколошка компанија. Се надеваме дека и останатите компании ќе го следат нашиот пример и ќе инвестираат во слични мерки. Благодарни сме на град Скопје за оваа награда и планираме овие средства да ги инвестираме во дополнителни активности за подигнување на свеста кај населението за подобра грижа кон животната средина.”- изјави Методија Миноски, Раководител на одделот за управување со животната средина во ПроКредит Банка.