Промени 4 стајлинзи, но не и светкавата блуза: Стилот на Лепа Брена во Скопје
Вчеравечер во преполната ВИП Арена, балканската ѕвезда Лепа Брена одржа спектакуларен концерт за паметење.
Нејзините 58 години воопшто не и се проблем, да изгледа сосема модерно и фит во четирите стајлинзи избрани за оваа вечер.
Прво ја видовме во креација со кариран фустан со светкави хеланки и блуза, како и црвено капче кое беше во тон со танчерките.
Вториот избор беше креација на син фустан со многу необични детали.
Потоа Лепа Брена се пресоблече во костим за своето диско издание. Публиката имаше можност да ги слушне најголемите хитови во диско аранжман.
За крај и делот со баладите, пејачката се облече во црн костим со шешир.
Тогаш на сцената го повика и својот сопруг Боба кој специјално за концертот дојде од Мајами.За сите стајлинзи таа не ја промени својата светкава сива блуза со голем ѓердан кои ги носеше под креациите.
Фото: Горан Десковски