,

ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ АЛБУМ НА SMUT

УТРЕ (среда, 9-ти мај 2018) со почеток во 20:00 часот,
во просториите на Password Place,
на ул. „8-ма Ударна бригата“ бр. 39, Скопје.

Македонскиот бенд SMUT, по точно 5 години работа на новиот материјал, во оваа прилика промотивно ќе го претстави својот нов албум насловен „Тие Се Насекаде“! Ова е петто студиско издание на групата која важи за основоположник на метал-кор стилот во регионов, а кое излегува под етикетата на Password Production.

Ќе ни претставува задоволство доколку Вие и Вашата медиумска куќа бидете дел од промоцијата, a за повеќе информации за „Тие Се Насекаде“ Ве упатуваме на овој линк.