Пронајдена врска помеѓу Лиам Пејн и Пи Диди!? Што е РОЗОВ КОКАИН, кој беше пронајден во телото на мртвиот пејач
Поранешниот пејач на „One Direction“ претходно проговори за непријатна средба со раперот!
Пејачот Лиам Пејн, според објавениот токсиколошки извештај, испил коктел од дрога пред да падне од третиот кат во хотел во Буенос Аирес на 16 октомври. Во неговото тело е пронајдена супстанца наречена розов кокаин, како и многу други супстанци. Оваа информација доста вознемири многу обожаватели, кои сега со нетрпение го очекуваат погребот на пејачот следниот месец.
Овој тип на кокаин, наречен розов кокаин, е мешавина од синтетички супстанции како што се бензодиазепини, екстази и метамфетамин. Интересно е што го носи своето име поради бојата што може да се добие, како и поради додавањето на арома на јагода. Исто така, познато е дека може да се внесе во организмот како апче или со вдишување, а жаргонот за оваа супстанца е туси. Потекнува од Латинска Америка како дрога за забава, а според д-р Брајан Харли, може да предизвика непредвидливо однесување кај личност која ја проголтала оваа супстанца.
Во тужбата што поранешниот продуцент на Пи Диди, Родни Џонс ја поднесе против раперот, се споменува истата дрога. Џонс тврдеше дека „паднатиот магнат барал од сите негови вработени да го носат насекаде заедно со екстази, гуми за марихуана и гама хидроксибутират (GHB, лек за силување). Оваа тужба предизвика големо внимание во јавноста и многумина остави без зборови.
Фото: Youtube - screenshoot