Актуелно // Insta вести
„Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме... Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања“: Тага во училиштето „Песталоци“
Тага, со просторот владее тишината...
Нејзиниот клас одржал само еден час и нема да имаат повеќе настава во текот на денот...
Општинското основно училиште „Ј. Х. Песталоци“ - Скопје денеска по трагичната вест за нивната ученичка и соученичка, Вања Ѓорчевска се во жалост.
„Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања.
Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме...
Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца.
Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!“ - ожалостени соопштија на официјалната страница од училиштето, објавувајќи и фотографија од починатата Вања.
Во училиштето е отворена и книга на жалост.