Протеините имаат важна улога за целиот човечки организам, бидејќи имаат суштинско значење во градењето на мускулната маса. Протеините, познати уште и како главен „градежен“ материјал за потпора и цврстина на телото,се важен извор на енергија, а вклученисе и во создавањето на хормони, ензими и за транспорт и складирање на молекули. Исто така ја одржуваат физиолошката состојба на организмот, го одржуваат имуниот систем и комуникацијата меѓу клетките.
Протеините кои ги добиваме од животинските извори како што се месо, риба, јајца,млеко, млечни производи, се потполни (ги содржат сите есенцијални аминокиселини) и затоа имаат висока биолошка вредност. Кога се сите есенцијални аминокиселини присутни во храната, тие заедно ги дополнуваат и хранат ткивата и телесните течности, одржувајќи го оптималното здравје на организмот. Наспроти нив, во протеините добиени од поголемиот вид растенија недостасуваат една или повеќе есенцијални аминокиселини и затоа се сметаат за непотполни.
Меѓутоа, идејата дека протеините може да се најдат само во производи од животинско потекло веќе е застарена, бидејќи протеинитево поголеми количини може да бидат присутни и во лебот.
Компанијата Жито Лукс разви протеинскиот леб,Нутрисо протеини коиглавно произлегуваат од гравот, а збогатени со протеините од црн и бел сусам, ленено семе и семки од тиква, кои го дополнуваат нутритивниот состав на лебот. Бенефитите од протеинскиот леб не се видливи само кај луѓето кои се занимаваат со спорт и градат мускулна маса, туку и кај сите оние кои сакаат да ја намалат својата телесна тежина, како и за сите кои внимаваат на здрава и правилна исхрана.
„Добро е познато дека протеините имаат клучна улога во градење и зацврстување на мускулитеи се важни не само во младоста, туку и во период на старост бидејќи го подобруваат и здравјето на коските. Протеините имаат ефект и врз мозокот кој еметаболички активен орган кој зафаќа само 2% од телесната тежина, но учествува во над 20% во вкупната енергетска потрошувачка на телото. Организмот не го складира вишокот протеини и затоа треба да се внесуваат секојдневно. Доколку не се консумираат протеини, првото нешто што организмот ќе го направи е да ги разложи протеините од мускулите на аминокиселини за да ги користи понатаму каде што треба. Овој дефицит се манифестира и со слабост на имуниот систем, умор и промени на косата и кожата. Затоа, за сите возрасти е добро да се консумира протеинскиот леб кој може да биде ефикасен и во борбата со вишок килограми, бидејќи ја зголемува ситоста и го забрзува метаболизмот, а истовремено има ниско ниво на шеќери“, вели проф. д-р Валентина Павлова.
Нутри протеинскиот леб на Жито Лукс е добар за секого во количини соодветни на возраста и физичката активност на телото. Бенефитите кои можат да се добијат од правилно и умерено консумирање на протеински леб се одразуваат на вкупната енергија, метаболизмот и на телесната и мускулната маса.