Провокација или...: Додека Карлеуша слави роденден, Душко фотографиран во прегратка со нејзина колешка (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Фотографијата на Душко Тошиќ и Драгана Мирковиќ ги запали социјалните мрежи

Јелена Карлеуша вчера го прослави својот 45-ти роденден и објавувањето на нејзиниот 11-ти студиски албум „Алфа“, а во исто време го најави својот 12-ти, кој ќе излезе во недела на 20 август и се ќе се вика „Омега“. Поп дивата ги собра своите пријатели во дворот на импозантната вила во која живее со семејството, но на фотографиите не можеше да се види нејзиниот се уште легален сопруг.

Веднаш се шпекулираше дали Душко бил на роденденската забава на Јелена, но сега е јасно дека не бил. Имено, фудбалскиот менаџер е надвор од границите на Србија поради деловни ангажмани, а неговиот пат се вкрсти со добрата пријателка и колешка на Карлеуша, Драгана Мирковиќ. Средбата ја овековечија со фотографија која се појави на социјалните мрежи.

- Она кога сосема случајно налетуваш на драги луѓе - напишала фолкерката, а се гледа дека и на двајцата им е многу мило што се виделе.

Фотографијата на Душко Тошиќ и Драгана Мирковиќ наиде на спротивставени коментари на „Инстаграм“ токму поради поп дивата, која тој ден славеше роденден, а не е тајна дека врската меѓу неа и нејзиниот сопруг е драстично нарушена. Обожавателите на Јелена сметаат дека не е во ред што Драгана се уште го поддржува Душко, но се чини дека Мирковиќ не ја интересира нивната комуникација бидејќи го цени Тошиќ како пријател.

Фото:youtube/scrrenshot/draganamirkovic/karleusastar/instagram