„Прв пат имаме шанса директно да го однесеме дома Благодатниот оган“

Добивај вести на Viber

Денеска напладне во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, државата Израел започнува церемонијата „преземање на Благодатниот оган во Ерусалим”, на која за прв пат свое учество има македонско-црковна делегација предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски.

На овој голем чин кој се одржува секоја година на Велика Сабота има претставници од повеќе држави кои со владини и црковни почести, го пренесуваат светиот оган во своите земји.
Во пресрет на овој историскиот настан за македонската држава, нејзините граѓани и за МПЦ-ОА, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од Ерусалим рече дека му причинува чест и задоволство што ја предводи делегацијата на македонската Влада и на Македонската православна црква - ОА којашто за прв пат ја има честа да го преземе Благодатниот оган директно од Ерусалим.
„Ова е историски чин кој се случува веднаш по воведувањето во канонско единство и признавање на нашата света црква, ова е прва година во којашто директно од Храмот со благослов на Патријархот Ерусалимски, ќе можеме да го преземеме огнот и да го однесеме во Македонија. Повеќе на Фактор.мк


Фото: фреепик