Први сме во Европа по бројот на млади без работа

Нашата земја е прва на листата со земји во Европа каде млади луѓе на возраст од 20 до 34 години се невработени, а не се ни дел од некој образовен процес или обука. Ова се податоците на Евростат за 2018 година. Во Македонија оваа категорија опфаќа дури 36,3 отсто, што е повеќе од двојно од просекот на Европската Унија (16,5%). 

Но, невработеноста е само еден проблем на младите во нашата земја. Од вкупната стапка на невработеност, 46 проценти се млади на возраст од 15 до 29 години.

„Вкупно 99 проценти од младите сакаат да работат, но само 18 проценти или помалку од една петтина, заработуваат свои пари преку работа.  Воедно, тешкотиите на младите треба брзо да преминат од училиште кон работа што главно се должи на јазот кој се јавува на личните вештини што ги поседуваат и оние кои што се бараат на работното место. Покрај вработувањето, тие сакаат да бидат вклучени и во процесите на одлучување, да има плурализам во младинските одлуки со нивно директно учество и за нивни интерес. Властите на државно и на локално ниво мора да иницираат младинска безбедност за нивно вклучување во пазарот на труд преку активни мерки и зголемен буџет за обезбедување на младински политики за вработување. Како здружение Достоинствен Работник потенцираме дека практиканството е добра мерка каде преку неа може да се вработат кај познат работодавач. Со поголемо учество од страна на Владата која ќе обезбеди грантови или субвенции за практиканство, каде компаниите ќе им овозможи на нововработените млади лица да поминат најмалку три месеци на три различни работни места во рамките на компанијата поврзани со вештините што ги поседува, а потоа да се даде предлог за негово вработување“, вели Рубинчо Аризанкоски, секретар во Здружение Достоинствен Работник Прилеп.

Целото истражување го имате на ФАКТОР.МК