Првото дете го родила на 12 години, второто на 14: Животната приказна на Арета Френклин

Добивај вести на Viber

Вчера на 76 годишна возраст во својот дом во Детроит почина кралицата на соул музиката, Арета Френклин.

Родена е на 25 март 1942 година во Мемфис, САД и била ќерка на баптистички свештеник. Френклин била четврто од вкупно 5 деца, а родителите и се развеле пред да наполни 6 години. Четири години подоцна нејзината мајка починува од срцев удар, па семејството го напушта Мемфис и се сели во Детроит.

На 14 години снимила неколку песни кои подоцна се најдоа на албумот „Songs of Faith“, а тоа придонело да го добие епитетот „Чудо од дете“. Писателот Дејвид Рич во книгата „RESPECT“ објавена во 2014 година, тврди дека црквата на нејзиниот татко организирала оргии, а подоцна ова го потврдиле Реј Чарлс и Били Престон. 


По снимањето на неколку песни, Арета започнува со настапи низ САД, но приватно тоа што нејзините фанови не го знаеле е дека таа на 12 години го родила првото дете, а на 14 второто. Со цел да ја продолжи кариерата, нив ги чувала нејзините баба и сестра. Двата сина го носеле нејзиното презиме, иако биле од различни татковци. Подоцна раѓа уште два сина. 

По кратката пауза од настапи, таа се преселува во Њујорк, каде потпишува договор со Columbia Records и го снима првиот албум „Aretha“. Од тука започнува полека да се развива нејзината музичка кариера, поради која таа ќе го добие статусот за „Кралица на соул музиката“. 


Сепак и покрај големиот успех на музички план, Френклин приватно била жртва на семејно насилство од бракот со Тед Вајт, па неретко на настапи доаѓала со модринки по лицето и телото. Во текот на животот ја поврзуваа со различни мажи, а по бракот со Вајт, таа се препушта на пороците.

Нејзината сестра Керолин во една прилика за медиумите изјавила дека иако има статус на ѕвезда, сепак Арета е несигурна во себе. 

„Мисли дека не пее доволно добро за пејачка и дека не е доволно убава за жена. Арета е многу несигурна во себе“, кажала Керолин. 

Френклин боледуваше од рак на панкреасот, а и беше подложена на операција во декември 2010 година. Светот го напушти една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња, која остави голем број песни по кои не преостанува да ја паметиме.