Првото јавно појавување на Меланија Трамп по напуштањето на Белата куќа: Изгледа одлично (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Имено, Меланија Трамп недостигот на храна за бебиња низ земјата, за што првенствено зборуваше во нејзиното гостување, го опиша како „срцепарателен“, велејќи дека „раководството“ е одговорно за кризата. Интервјуто на поранешната прва дама на Америка ќе се емитува целосно денеска. Во тизерот објавен во петокот вечерта водителот Пит Хегсет побара нејзино мислење за споменатиот проблем, а Меланија имала подготвен одговор, пренесува „Дејли мејл“.

„Потресно е да се види дека дохрана не е достапна за децата во 21 век во САД“, рече таа.


52-годишната дама се повлече од јавноста откако ја напушти Белата куќа во јануари 2021-ва година. Имено, Меланија Трамп во декември објави дека го продава првиот незаменлив токен (NFT), наречен „Melania's Vision“.

Тоа е првото дигитално уметничко дело што Меланија го продава на нејзината нова платформа за незаменливи токени, на страницата „MelaniaTrump.com“.

Станува збор за акварел на уметникот Марк Антоан Кулом, кој ѝ ги насликал очите, а во него има и аудио снимка од Меланија Трамп, соопштија од нејзиниот кабинет.

Дигиталното уметничко дело ќе чини околу 150 долари и ќе биде достапно за купување до крајот на годината. Дел од приходите, како што е најавено, ќе одат за помош на децата од згрижувачки семејства.


Освен споменатата промоција на нејзиниот нов бизнис, таа не се огласу за општествено-политичката состојба во земјава, а нејзиното враќање на насловните страници и малите екрани следеше кога ескалира кризата со бебињата.

Шефот на една од четирите компании кои контролираат 90% од американскиот пазар за храна за бебиња предупреди дека недостигот низ целата земја би можел да трае до крајот на годината, а додека прогнозите на Меланија ќе ги слушнеме во ексклузивното интервју.

Извор: stil.kurir.rs