Работничките и работниците кои користат отсуство поради бременост имаат право на регрес за годишен одмор
Комисијата за толкување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, на состанок одржан на 6.3.2018, одлучи дека жените кои користат отсуство поради бременост и раѓање, односно кои се на породилно отсуство, а се во работен однос шест месеци кај ист работодавач во календарската година имаат право на исплата на надомест за регрес за годишен одмор, познат како К-15, информираат од Хелсиншкиот комитет, пишува Академик.мк
На состанокот членовите на Комисијата истакнале дека треба да се користи толкувањето на Комисијата за примена на регрес и допрецизирање на толкувањето од 2015 година, во согласност со кое жените кои користат отсуство поради бременост и раѓање имаат право на исплата на регрес за годишен одмор.
Воедно, Министерството за труд и социјална политика испратило барање до Државниот инспекторат за труд за известување на инспекторите за уедначена примена на оваа одредба од Колективниот договор.
Целиот текст овде.