Работодавците им бараат потврди, матичните лекари не може да им закажат тестирање

Расте загриженоста кај луѓето се повеќе, исплашени се од ширење на вирусот и бараат од матичните лекари да им закажат тестирање за коронавирусот, велат од неколку ординации. Матичните лекари како посебен проблем ја издвоија неможноста да закажат тестирање на луѓето кои се во изолација, а кои според клиничката слика се здрави и треба да појдат на работа.

-Нешто за што веднаш мора да се најде решение е како да им се закаже тестирање на пациентите кои се во изолација. Тие не исполнуваат ниту еден параметар од епидемиолошката анкета што ја правиме. На пример, имам пациент кој е во изолација, заради тоа што децата му се вратиле од странство. Нема никакви симптоми на болеста, и веќе треба да тргне на работа. Но, побара да биде тестиран со објаснување дека, работодавецот му побарал потврда со која ќе докаже дека е негативен на коронавирусот, ни посочија од ПЗУ „Прама медика“.

Појаснуваат дека бројот на лицата од понеделникот наваму се зголемил, посебно откако, владата ја воведе мерката матичните лекари да може да закажуваат термини за тестирање од коронавирусот.

Од ординацијата „Мастеса Медика“ за Фактор изјавија дека дури сега бројот на пациенти со коронавирус може да се зголеми нагло.

-Луѓето до сега молчеа и не кажуваа дека биле во странство во изминатите недели или дека можеби имале контакт со лица за кои тестовите покажаа дека се позитивни. На пример, имам пациент кој на 13 март се вратил од Израел преку Солун, и тогаш не кажал за патувањето, сега ми побара да се тестира. Од понеделникот наваму, постојано ѕвони телефонот во ординација. Дел од моите пациенти бараат да им закажам тестирање. Некои од нив се пожалија на блага температура, вели д-р. Македонка Попова Спасевска.


Целиот текст прочитајте го на Фактор.