Рада Манојловиќ има ново момче, вистински снагатор: Фатени во нежна прегратка на сред улица (ФОТО)
Екипата на „Папарацо лов“ ја сними како вози низ градот со своето момче
Пејачката Рада Манојловиќ по раскинувањето со Харис Берковиќ повторно е вљубена, а сега за прв пат е фатена со ново момче.
Имено, по бројните бурни врски кои претходно беа јавни, пејачката сега ужива со својот нов избраник кој го крие од јавноста.
Екипата на „Папрацо лов“ ја сними Рада со новото момче, чиј идентитет засега не ѝ е познат на јавноста.
Фото: printscreen RTV Pink/Paparaco lov
Да потсетиме, првата јавна врска ја имаше со Милан Станковиќ, а со него и денес е добра пријателка.
- Сè уште сум пријателка со него до ден-денес, толку помина од нашето раскинување, повеќе од 10 години. Пораснавме заедно. Заедно сме од 2007-ма година, но што точно беше тој, што бев јас, некомпатибилни бевме, небо и земја. Тој е помлад, тинејџерска ѕвезда, јас сум постара, чиста фолкерка, ние бевме неспоива двојка за сите, но имавме психолошка нишка, затоа сме уште најдобри пријатели до ден денес затоа што нашите души се познаваат. Ние сме на иста бранова должина. На луѓето им е навистина чудно. Тоа беше една љубов, вистинска. Бевме заедно пет години, живеевме 24/7. Бевме и пријатели и љубовници, но остануваме пријатели до ден-денес. Не би можела да го замислам животот без него, да ја немав таа личност - искрено го започнува разговорот Рада за Милан Станковиќ.
По Милан, Рада стапи во врска со човек од светот на спортот - Момир Гајиќ. Тогаш многумина велеа дека тој е токму спротивното од Милан.
- Тоа траеше три години. Го поздравувам и него. Немам лоши односи со никого. Но, не можам да го споредувам со Милан. Момир беше дел од мојот живот, тој сега има свое семејство... Сега кога ќе погледнам од оваа далечина не ми се верува дека тоа бев јас и дека бевме во врска.
Последната врска на Рада беше со Харис Берковиќ. Се чини дека никој сè уште не знае каков е нивниот однос сега.
Извор: Telegraf.rs