РАДИО и ЉУБОВ
Драги дами, Во нашата рубрика на ,,Поезија'' , чест ни е да Ви го претставиме нашиот нов соработник- Јован Илиески , млад и успешен автор на веќе четири литературни дела позади себе
Драги дами,
Во нашата рубрика на ,,Поезија'' , чест ни е да Ви го претставиме нашиот нов соработник- Јован Илиески , млад и успешен автор на веќе четири литературни дела позади себе:
,, Душа на парче хартија“
„Кругот на животот“
„Сенки на полноќ“
и сега: „Ноќта кога ја напуштив Прага“ .
Автор кој многупати ќе ве врати на местото и моментот кога Ви било најубаво, но исто така и низ неговите редови ќе и се вратите на старата љубов, овојпат кажувајќи и се што не можевте тогаш. Талент испишан на страниците на неговите книги.
Автор кој го заслужува вашето внимание.
РАДИО и ЉУБОВ
Надвор снегулици излегуваат од уснава празнина.
Лицево се топи на твојот допир.
Слушаме стар џез. И топло ни е.
Ти го држиш воланот и се преправаш дека не се знаеме.
А си ги знаеме очите. По погледи се познаваме.
Ти го држиш воланот и го попушташ
радиото.
Ако го излизгам прозорецот надолу,
кожата ќе ми се накостреши,
и спомените ќе замрзнат.
Го оставаш радиото да трепери во тишината
Читам Inspiration со дигитални букви напишано.
Некогаш и нашата приказна ќе биде напишана.
Во некоја песна. Или во некоја душа.
Ако некогаш ја прераскажеш.
Ако некогаш се осмелиш на некого да кажеш,
за мојот капут блиску до твоите раце,
и прозорците со мразулци, а радиото тишти од топлина.
И така убаво ни е. Си стоиме.
И не се прашуваме за животот.
Гледаме напред, а напред е празен автопат.
Нема автомобили пред нас,
ами автомобили поминуваат покрај нас.
Ти си го запрел автомобилот.
Си го паркирал тоа возилото,
а јас сега сфаќам.
Си ги оставил светлата да трепкаат,
а јас сега гледам и сфаќам.
Исто како твојата љубов.
А јас сега сфаќам.
За Женски Магазин поетот Јован Илиески
Инстаграм: @ilieski_quotes