Рајан Тедер од „OneRepublic“ со помош на слушалките Galaxy Buds2 Pro ја ремастерираше „Counting Stars“

Добивај вести на Viber

За да ја прослави десетгодишнината од хитот „Counting Stars“, трикратниот добитник на наградата Греми, текстописец, продуцент и фронтмен на „OneRepublic“, ги употреби слушалките Galaxy Buds2 Pro на Samsung за да ја финализира ремастерираната верзија на песната, која беше објавена минатата недела.

„Кога сум во студио и слушам песни како што е „Counting Stars“, ги слушам на професионални звучници. Кога почнав повторно да ја осмислувам песната, за мене беше од суштинско значење да излезам од студиото и да се ставам во улога на слушател“, рече Тедер. „Со помош на моите слушалки Galaxy Buds2 Pro можев да ја преслушам секоја верзија на песната токму онака како што би ја слушнале нашите обожаватели и убеден сум дека оваа верзија ќе им се допадне исто како на мене“.

Слушалките Galaxy Buds2 Pro се создадени за љубителите и креаторите на музика, со професионално квалитетно Hi-Fi 24-битно аудио за висок динамичен опсег и кристално чиста аудио резолуција. Новиот беспрекорен кодек на Samsung (SSC HiFi) и новиот коаксијален двонасочен звучник се задолжителни елементи за пренос без паузи и побогат звук. Исто така, слушателите можат да постават прилагоден EQ преку апликацијата Galaxy Wearable за посебно слушачко искуство. Со кликнување на „Активно поништување на бучава,“ слушањето е уште поизвонредно, а кога слушателите сакаат да бидат свесни за својата околина, преку командата „Амбиентален звук“ се пропушта дел од надворешниот свет без да се наруши квалитетот на звукот.

Од професионалци во музичката индустрија, како што е Рајан Тедер, до секојдневните слушатели, слушалките Galaxy Buds2 Pro го обезбедуваат она што слушателите го бараат како безжично аудио искуство. Ергономски дизајнирани, Galaxy Buds2 Pro се мали, лесни и едноставни за вметнување. Корисниците можат да ги носат слушалките Buds2 Pro насекаде и да уживаат во музиката, повиците и забавата онака како што треба.

„Верзијата на „Counting Stars“ на Рајан Тедер ремастерирана со помош на слушалките Galaxy Buds2 Pro на Samsung ја илустрира посветеноста на „Universal Music Group for Brands“ да ја користи моќта на музиката и културата за унапредување на брендовите. Ова партнерство ги покажува безграничните можности што се појавуваат кога креативноста и врвната технологија ќе се спојат“, рече Наоми МекМахон, Сектор за Стратешки маркетинг и глобални партнерства на UMG.

Embed video: https://www.youtube.com/watch?v=xoaKz02w7Rs

Пр објава