Рајска плажа со тиркизно море во соседството: Вистинско време да ја посетите плажата која е прогласена за најубава во Европа

Рајска глетка, морето е чисто и тиркизно, нема врева и е оаза на совршен мир

Летото пристигна, подготовките за одмор се во полн ек, а имаме многу дестинации кои би сакале да ги посетиме. Сепак, понекогаш не можеме да се одлучиме и не знаеме каде би можеле да го поминеме совршениот одмор.

Ако сте љубител на Јадранското Море, а се уште не сте го истражиле целото негово крајбрежје, можеби сега е вистинското време да го направите тоа.

Од Албанија до Италија, има места кои се навистина рајски дестинации, но едно посебно се издвојува, а се наоѓа во соседна Хрватска.

View this post on Instagram

A post shared by (@croatia_vacations)


Имено, станува збор за големото далматинско крајбрежје и плажа, која во 2019 година е прогласена за најубава плажа во Европа – плажата Пасјача.


Се наоѓа во Конавле и е десет минути возење од Цавтат и триесет минути од Дубровник, а е многу блиску до Црна Гора, односно Херцег Нови, иако е неопходно да се помине границата.


Се наоѓа во подножјето на карпата и е вистинско чудо, бидејќи кога во 1955 година бил скршен тунелот до морето, останатите камења биле оставени на брегот, а за неколку години брановите тие камења ги претвориле во песок, и така се формирала плажата.

По неколку години морето го одзело сиот песок, па мештаните донеле нов камен кој се претворил повторно во песок и тоа го прават повторно и повторно за да ја зачуваат плажата.

View this post on Instagram

A post shared by Adriatic.hr (@adriatic_hr)


Плажата Пасјача е за вистинските љубители на мирен одмор, нема гласни барови, спортови на вода или други атракции. Нејзиниот шарм е во чистата природа, звуците на брановите и синото море.

извор:zenablic