Ракометарот Талески со семејството на одмор: Ѕирнаа во подводното богатство на Лисабонскиот Океанариум
Време е на летни одмори, а преку социјалните мрежи лесно дознаваме кој каде летува.
Времето за пауза од спортски активности моментално го користи и еден од најдобрите ракометари Филип Талески кој со семејството ужива во Португалија.
Токму таму тие имаа можност да ѕирнат во Oceanário de Lisboa или прочуениот Лисабонски Океанариум, втор по големина во светот, со повеќе од 10.000 растителни и животински видови.
Океанариумот, изграден на пристаниште во вештачка лагуна, наликува на брод закотвен на вода.
Лисабонскиот океанариум води длабоко во океаните, каде што сте изложени на неверојатни мали и големи подводни суштества чија убавина ќе ви го одземе здивот.
Филип е во брак со Ена Секуловска, со која се горди родители на две девојчиња.
Фото: Инстаграм стори принтскрин