Рано легнувам, за да станам со петлите: Утринско кафе со Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

Денот ми почнува со петлите. Станувам во 6 наутро, десет минути пред алармот, без исклучок. Пред изгрејсонце. Најпрво им подготвувам овошје на децата. А потоа почнувам со будење. Прво Јана, 15 години, сердношколка, и будењето почнува со фино, a завршуа 25 минути подоцна со викање. Кога Јана успеала некако да го стигне автобусот,  го будам Марко. Тоа е многу полесно. Станува, се подготвува и во 7:30 го носам во школо. Веќе во 15 минути до 8 јас сум слободна. Сум ги оставила децата на државата и можам на раат даси го пијам кафето. Секој ден сама пијам кафе.  Маж ми, децата сите рано го почнуваат денот. Јас, фала му на Бога, подоцна одам на работа и утрото го имам само за себе. Всушност,тоа е единствениот дел од денот штого имам само за себе. Кафето го пијам на тераса сеедно кое годишно време е, со две до три цигари (ова не е паметно) и со книга. Многу сакам да читам ама најмногу ми успева наутро. Меѓу неколку страници успевам и да зготвам ручек и да стигнам навреме на работа. Ако задоцнам значи книгата била многу интересна и сум се занела.

После 17 години активно занимавање со новинарство ( не вклучувајќи ги тука четирите години поминати на факултет) ме мотивира кога моето знаење го споделувам со помладите колеги. Ме радува нивниот ентузијазам и тоа што прашуваат и почитуваат мислење на поискусните. Барем ние во „Сител“ имаме привилегија да работиме со талентирани млади новинари кои си ја сакаат работата.

Во дневното новинарство нема планови. Оставаш денот да те носи. Единствено е важно да стигнеш за  вести. Некогаш уште од вечер знам што ќе снимам утре. Некогаш ми се случува и пладне да помине, а да не знам ни отпирлика како ќе ми изгледа денот. Она што е важно е тоа што го работам да е јасно. Тоа што го работам денеска некому може да личи дека е неважно, но се е вест, ако знаеш да го напишеш и ако и баба го разбере. Така ме учеа на Факутет.

Денот завршува кога ќе си појдам дома. Сеедно колку е часот.  Главно вечерите ги поминувам со сопругот и децата, ама најчесто само со Марко, син ми. Од него зависи и што ќе правиме, дали некое другарче има роденден, дали треба да оди на фудбал, дали има домашна. Марко пред еден месец научи да чита и сега целосно сме преокупирани со читање.Чита нон стоп. Латиница, кирилица или се одеднаш. Правиме диктати, играме, решаваме задачи. Двапати неделно стигнувам да одам и на аеробик .

Се обидовме со Јана и серии и филмови, ама не оди. Ова лето детето се обиде да ме навлече. Ама додека таа има кондиција да изгледа цела сезона за една ноќ, јас имам кондиција за 15 минути од една епозода. Затоа планот пропадна. Последен филм што сум го гледала е Хари Потер (сите осум дела) и тогаш и правев кејф на Јана, ама таа беше помала,  па гледавме преку ден. Сега сакам да читам. Читам барем 4 книги месечно. Саат и пол, наутро и еден час откако Марко ќе легне додека јас не заспијам навечер. Рано легнувам, за  да станам со петлите.

(*Наташа Хаџиспиркоска Стефанова- новинар во „Сител Телевизија“)