РАЗГОВАРАА ЗА ПОСТКОВИД КОМПЛИКАЦИИ КАЈ ДЕЦАТА: Во посета на ,,Аџибадем Систина’’ беше стручен надзор од Универзитетската клиника за детски болести
Во Педијатриската болница на КБ ,,Аџибадем Систина’’ вчера во посета беше стручен надзор од Универзитетската клиника за детски болести.
„Посетата се иницираше по информацијата за последните случаи на деца со тешки постковид компликации кои беа третирани во Клиничката Болница ,,Аџибадем Систина’’. Колегите од државната Универзитетска клиника за детски болести и од Педијатриската Болница на ,,Аџибадем Систина’’ ги разменија и споделија своите искуства за овој тип на компликации и начин на третирање кај децата.“, велат од КБ „Аџибадем Систина’’.
Со оглед на тоа дека манифестација на вирусот е непредвидлива сметаат дека овие состаноци се правилниот начин за споделување на информациите и веруваат дека сознанијата изнесени од двете страни на овој конструктивен состанок позитивно ќе придонесат во понатамошниот третман на децата кај кои се појавува ваков тип на постковид компликации.