Реакциите се бесценети: Скопје Сити Мол со комплименти им го разубавува денот на дамите

Добивај вести на Viber

Кога последен пат сте добиле комплимент? Само неколку убави зборови знаат да го разубават денот и да нѐ исполнат со позитивна енергија и да нѐ охрабрат за многу поголеми подвизи. Oсмомартовската кампања на Скопје Сити Мол има за цел да ги направи жените среќни, задоволни, горди на себеси, а најновата активација и директно им го покажа тоа.
Со скриена камера поставена на електричен тротинет, прошетавме во околината на Скопје Сити Мол и поделивме комплименти на жените кои ни го разубавија денот.

Кликнете тука за да го погледнете видео.

Грижата и вниманието на Скопје Сити Мол за дамите е тука секој ден, но оваа недела тоа особено го покажуваме со активностите за неделата на жената. Подготвивме многу нови изненадувања, мини подароци, саем на книга, фотографирање во Инстаграм корнер и се разбира, одличен празничен шопинг!

Нашата поддршка не е само во развеселување и мотивирање. Во соработка со Интервентниот Женски Фонд стартувавме фонд за донација на жените кои се жртви на семејно насилство. Со ваша донација можете да се вклучите во оваа акција и да го дадете вашиот придонес за подобар живот на жртвите.

Да ги цениме и почитуваме жените секој ден, но оваа недела особено многу! Се гледаме на празничен шопинг во Скопје Сити Мол!
Не заборавајте, при посета на омилената шопинг дестинација Скопје Сити Мол носете маска, одржувајте растојание и грижете се за вас и вашите најблиски.

Скопје Сити Мол – Сѐ што сакам!

(ПР објава)