Рецепт од 80-тите за најдоброто тесто досега: Стои до 7 дена, а може да го користите апсолутно за сè
Ова тесто се чува во пластична кеса, и може да порасне толку многу што ќе излезе од него, па доколку се случи тоа, преполовете го тестото и пренесете еден дел во друга кеса.
За ова тесто не треба да чекате да нарасне - доволно е да ја отворите вратата на ладилникот и според инспирацијата да земете тесто за пица, мекици, кифлички или крофни
Некои готвачи советуваат откако ќе го извадите тестото од фрижидерот, да остане на собна температура десет минути. Намастете ги рацете претходно со масло затоа што тестото е лепливо. За време развивањето на тестото, посипете ја работната површина со брашно.
Ако планирате да направите слатки колачи од тестото, слободно заменете ја солта со шеќер.
Состојки: 500 гр мазно брашно, 500 гр остро брашно, 4 дл млеко, 1 квасец, 1 јогурт, 2 јајца, 1 дл масло, 1 прашок за пециво, 2-3 лажички сол.
Подготовка: Додадете го квасецот во млакото млеко, и оставете го да се активира. На работната површина ставете малку брашно измешано со прашок за пециво, а потоа додадете ги другите состојки во средина и измесете го тестото. Доколку е потребно, додадете повеќе брашно или млеко, така што тестото да остане меко.
Добро намачкајте ја внатрешноста на чиста пластична кеса, па ставете го тестото во неа, истиснете го вишокот воздух, врзете го и ставете го во фрижидер. Може да го чувате до седум дена а вадете си по потреба.
Извор-Фото: стил.курир.рс