(РЕЦЕПТ) Посна и вкусна компир манџа: Што да јадете за Велигденските пости

Добивај вести на Viber

За подготовката на оваа превкусна компир манџа, потребни се следниве намирници:

- 1 средна главица кромид

- 2 чешниња лук

- 3 страка млад кромид

- 1 или 2 страка млад лук

- 3 моркови со средна големина

- 1 свежа пиперка (може и сува)

- половина тиквица

- третина модар патлиџан

- лаворов лист

-сол, црн пипер, црвен пипер

- масло за готвење

- килограм компир


Начин на подготовка:

Состојките почнувајки од кромидот ги сецкаме ситно. Исечканиот кромид го ставаме во тенџере во кое има ставено масло за готвење и го пропржуваме околу 1-2 минути, потоа ги додаваме лукот и младиот кромид и младото лукче. Пропржуваме, па го додаваме исецканиот морков. Откако убаво ќе се пропржи морковот ја додаваме исецканата пиперка, па тиквица и пропржуваме, го додаваме и модриот патлиџан, откако сите овие состојки ќе се издинстат, се додава и компирот исецкан во коцки или на полумесечинки (зависно како ви е послатко), се пропржува и тој, па се зачинува со сол, црн пипер и црвен пипер. 

Додадете топла вода околу 1 килограм или до заливање на 2 прсти над состојките и оставете да се динста околу 40 минути. Во тенџерето додајте и лаворов лист.

П.С: Доколку имате замрзнати бамји, измијте околу 6-7 бамји, исецкајте ги и додајте ги во тенџерето, за подобар вкус и мирис кој ќе ве потсети на летото.


Сервирајте по ваш вкус, со туршија, лута пиперка или со свежа зелка салата и уживајте во денешниот ручек.

Бон апетит!


Фото: freepik

Повеќе посни рецепти прочитајте тука.