Рецепт за пекарски кифли: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Андреа Накова
Андреа Накова вели дека со задоволство го прифатила предизвикот на Женски магазин и за нашите читатели го споделува својот рецепт за Пекарски кифли.
Потребни намирници:
-1 квасец
-200мл вода
-500мл млеко
-5 лажици шеќер
-1 лажица сол
-1,1кг брашно
-250мл зејтин
Постапка:
Тазе квасецот се раствора во водата. Одделно се топли
млекото и во него се додаваат солта, шеќерот и 10 лажици брашно. Во оваа
смеса се додава квасецот и се остава да стаса.
Се прават топчиња, се сукаат на набрашнета површина и се формираат кифли.
Откако ќе стаса се додава зејтинот и 1кг брашно. Се замесува убаво и повторно се остава да стаса.
Се редат на тавче и се оставаат уште 10-ина минути да стасаат. Се премачкуваат со смеса од јајце и малку зејтин. Се наросува сусам/ким/босилек.. (по ваша желба)
Се печат во загреана рерна на 250°C 15-20 минути.
Добар апетит! @Cookingwith_Andrea.
* Рецепт за вкусен колач за појадок: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивана Кнез
* Рецепт за мафини со боровинки: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Radisha's Kitchen Diaries
* Рецепт за вртена пита со спанаќ и изврка #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Наташа Малинкова
* Рецепт за брзи панцероти: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивона Христова Илиевска