Рецепт за посен славски колач: Се подготвува брзо и лесно, а останува свеж и по неколку дена

Добивај вести на Viber

Славскиот колач е круна на секоја славска трпеза и само дамите знаат колку труд, љубов и време вложуваат во него, како и во самата подготовка на славата. Вистинскиот славски колач е направен во домот на домаќинот и во него задолжително се става светена вода, која пред славата свештеникот ја осветува.

Тесто за колачот:

400 милилитри топла вода (обична и осветена);

100 милилитри масло;

1 и пол лажичка сол;

4 лажички шеќер;

2 кесички сув квасец;

750 грама брашно.

Тесто за украси:

100 грама брашно;

15 грама сол;

20 грама густин;

70 милилитри ладна вода.

Смеса за фиксирање на украсите со тестото:

25 грама брашно;

60 милилитри вода.

Подгответе тавче во величина од 22 сантиметри, најдобро е да биде со обрач кој може да се отстрани. Дното и обрачот обложете ги со хартија за печење, а хартијата премачкајте ја со маргарин.

Смесата за фиксирање на украсите со тестото соединете ја, со тоа што нема да останат грутки од брашното.

Тестото за украсите направете го, така што ќе го соедините брашното, густинот и солта, а потоа постепено ќе ја додавате водата и ќе го месите тестото. Оставете го околу 30 минути да „одмори“ пред да почнете со подготовка на украсите.

Подготовка на колачот:

Во брашното додајте ги двете кесички сув квасец. Промешајте. Посебно соединете ја топлата вода и маслото, додајте брашно, сол и шеќер и замесетете го тестото. Покријте го со крта и оставете го да „одмори“ на топло 30 минути.

Од стасаното тесто земете една третина. На пробрашнета површина развечете го, а потоа исечете го на два дела по должина. Секој дел посебно изработете го.

Ставете го во калапот, околу обрачот. Остатокот од тестото поделете го на 5 еднакви дела. Од секој дел направете по едно топче. Четири топчиња украсете ги со крст, а последното ставете го во средина. Замесениот колач покријте го со крпа и оставете го на топло 30 - 45 минути.

Потоа премачкајте го со смесата од брашно и вода.

Печете на температура од 180 степени околу 50 минути.

Потоа, извадете го колачот од рерна, тргнете го обрачот и наредете ги подготвените украси кои претходно ќе ги премачкате со смесата за фиксирање од долната страна. Вратете го колачот во рерна уште 15-тина минути или толку колку што мислите дека е потребно за уркасите да се зацврстат.

Кога ќе се олади колачот, може да го премачкате со масло за сјај.

фото: Shutterstock