Речено – сторено : Кралот Чарлс и кралицата Камила ја отворија Евровизија (Видео)

Добивај вести на Viber

Кралот на Британија Чарлс, со сопругата кралицата Камила, денес и официјално ја отворија „Евровизија“ во Ливерпул, по што натпреварувачите започнаа со првите проби. Директниот пренос на полуфиналето и финалето ќе се одржат на 9-ти и 13-ти мај.

Со притискање на тастерот, кралот Чарлс и неговата сопруга Камила ја осветлија прекрасната сцена на овогодинешната „Евровизија“ во Ливерпул, пренесува РТС.

Кралот и кралицата ја покажаа прекрасна сцена по што ја обиколија и салата, а извршниот продуцент на натпреварот на Твитер објави дека на кралицата Камила најмногу и се допадна сценографијата на српскиот претставник Лука Блек.