Регионалните и македонските ѕвезди се простуваат од Вања: „Зошто Боже?“
Смртта на Вања не ја потресе само македонската јавност, туку и регионалната. Информациите за грозомороното убиство на 14 годишната тинејџерка беа главни вести во сите српски и хрватски медиуми.
Домашните и регионалните ѕвезди објавија потресни статуси кои ги посветија на Вања.
Српкиот пејач Бајга и неговата група Инструктори кои требаше да одржат концерт во Скопје, поради целата ситуација го откажаа.
„Оваа недела нека биде недела на тишина“, рече Бајага.
„Мила Вања, прости ни за нашата недоветност, прости ни за суровоста, прости ни што те пуштивме сама, прости ни што не умееме да си простиме. Ти си жртва на нашето болно општетсво. Слава ти“, напиша актерката Весна Петрушевска.
„Драга Вања те молам прости ни…. 03.12.2023 #Вања“, напиша Панчо.
„Мило девојче... Секогаш ќе те паметиме како малата Вања. Нашата ВАња. Вања која замина од нашиот кошмарен сон, и не успеа да почувствува ниту дел од овој привид наречен живот. Македонија тагува по тебе. Спиј ми спокојно...“, напиша Игор Џамбазов.
„Вања мило дете почивај во мир. Нека те чуваат ангелите подалеку од овој суров, болен, тажен свет...Искрено сочувство до семејствата на Вања и на господин Панче“, напиша Викторија Лоба.
„Вања , нема зборови за утеха и што да кажеме нема да те вратиме … небото доби уште еден преубав како солза чист ангел. Ти летај над облаците, а нив Бог ќе им суди“, напиша Лила Филиповска.
Цитани и посвети за Вања имаше и од српските ѕвезди, Наташа Беквалац, Цеца, Тијана Дапчевиќ.
„Тага….немоќ….бес…прости ни Вања. Сочувство до семејството“, напиша Тијана Дапчевиќ.
„Зошто, Боже“, напиша Цеца и објави слика со Вања.
„Татко да турне дете во рацете на киднапери и убијци... Ова е трагедија за сите нас, а особено за нејзиниот млад и невин живот. Почивај во мир драга Вања. Не ми се верува на ова, не сум го гледал ниту во најлошите филмови, не можам ни да замислам дека постојат такви луѓе! Кутрата, не можела да го избере својот „татко“ и поради тоа платила со глава на 14 години! Тага, тага, немоќ. Болно... Кутра нејзината душа и нејзиниот живот. Дури и да и го киднапираш детето за пари е болна мисла, но не ми се верува дека ја убиле, немам зборови за оваа трагедија. Таткото учествувал во киднапирањето на својата 14-годишна ќерка за да ја искористи за да изнуди пари од поранешната сопруга која го продала станот, киднаперите ги фатила паника кога почнала потрагата по неа и ја убиле.Така, таткото учествувал во киднапирањето и убиството на неговата ќерка“, напиша српската пејачка Рада Манојловиќ на својот профил.