Венко Филипче: Регистрирани нови 29 случаи на заболени од коронавирус

Добивај вести на Viber

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата - извести министерот Венко Филичпе.
 По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица.

Ова се првите случаи на заболени во Велес и Прилеп.