Рената Галаска Василев: Со гаргара може да спречиме вселување на вирусот

Биологот, биохемичар и нутриционист Рената Галаска Василев, за Женски магазин сподели напиток за гаргара кој помага во спречувањето на вселувањето на вируситe.

За тоа ви се потребни една чаша вода, 1 лажица голема јаболков оцет и прстофат сол.

Според Галаска Василев, најдобро е јаболковиот оцет да е домашен, но и доколку немате домашен добар избор е и купечкиот.

Во чаша вода, додајте една лажица јаболков оцет и прстофат сол и од добиениот напиток направете убаво гаргара во усната шуплина. Да направите исперување на устата, бидејќи според нутриционистот Галаска Василев, прво таму навлегува вирусот и со оваа гаргара ја исперуваме устата, со што го исперуваме и вирусот.

Ваква гаргара е добро да се прави веднаш штом стигнеме дома, а сме излегле до продавница, сме биле на работа или сме завршиле некоја обврска.

Билогот, вели дека доколку и во оваа време-невреме одиме на работа, добро е со себе да носиме едно мало шишенце во кое имаме направено напиток за гаргара и најмалку три пати во текот на работниот ден да направиме исперување на усната шуплина.

Со тоа исперување спречуваме вирусот да се всели.

Исто така, со овој напиток може да се исперат и носните шуплини.

Гаргара доколку сме дома, и не излегуваме од домот, односно доколку немаме контакт со надворешниот свет нема потреба да се прави.

Намирниците за подготовка на овој напиток се достапни за сите и секој може да си ги дозволи.


Н.М