Ресторанот Four - дел од групацијата Паркленд, го промовираше новото мени кое се темели на eco-friendly концептот и здравата органска исхрана
* “Ќе се фокусираме на набавки од локални добавувачи, за да ја поддржиме домашната економија”
Од денес сите гости на ресторанот Four, освен во уникатниот амбиент ќе можат да уживаат и во вкусовите на новото пролетно мени, кое е само почеток во низата активности во насока на воведување на eco-friendly концептот и водење сметка за заштита на околината, кое ќе се имплементира на ниво на целата Паркленд групација.
Она што е во моментов главен приоритет на ресторанот Four и Паркленд е преку своето работење да се поддржи заедницата и домашната економија, фокусирајќи се исклучиво на локални договори и добавувачи.
Во летното мени, освен што доминираат свежи, сезонски и органски сертифицирани состојки, преовладуваат микро намирници одгледани во домашна градина, на незагадена и хемиски нетретирана почва, користејќи само природни, еколошки, органски и микробиолошки ѓубрива.
“Изминатава година беше поразлична и исполнета со нови предизвици и искушенија. Нашата цел беше да ги претвориме тие предизвици во нови можности. Затоа, инвестиравме во нова опрема, спроведовме обуки за вработените и започнавме сосема нов еколошки пристап во работењето. Од набавки, до чување и складирање на храната, третман на отпадот, пакување и обработка на храната...со цел да станеме eco friendly лидери во регионот”. Вели главниот шеф на Four - Елефтериос Далагиоргос, напоменувајќи дека новото мени е одобрено после неколку месечно експериментирање, тестирање и внимание на секој детаљ.
Нашиот приритет секогаш бил задоволување на најистенчените потреби и вкусови на нашите гости, на сосема поразличен и автентичен начин, притоа водејќи максималма грижа за нивната безбедност, според врвни светски стандарди и имплементирани сите безбедносни мерки и протоколи.
Од ресторанот и групацијата најавуваат амбициозни идни планови за проширување и освежување на ентериерот и надворешните тераси.