Ретка семејна фотографија која ќе ве разнежни: Сергеј Ќетковиќ со брат му

Добивај вести на Viber

Семејната фотографија на Сергеј Ќетковиќ предизвика лавина коментари

Сергеј Ќетковиќ долги години е на самиот врв на естрадата. Сето она што го постигна го должи исклучиво на својот талент, добрите песни, но и на безрезервната поддршка од родителите, како и од браќата Игрор и Срѓан.

Токму поради оваа причина семејната фотографија на Сергеј Ќетковиќ привлече невидено внимание во јавноста.

Познатиот пејач е роден на 8-ми март во 1976-та година во Подгорица, каде што дипломирал во нижото и средно музичко училиште „Васа Павиќ“, по што се запишал на Музичката академија во Цетиње, на насоката музичка теорија.

Иако се исклучително горди на успехот што го постигна, членовите на семејството Ќетковиќ не сакаат јавно да се експонираат, па затоа нивните фотографии во јавноста се вистинска реткост.

Фото: instagram

Токму поради оваа причина, ретката семејна фотографија на Сергеј Ќетковиќ, која се појави на социјалната мрежа Инстаграм, привлече невидено внимание во јавноста.

„Јас и брат ми Игор“, напиша пејачот, а семејната фотографија на Сергеј Ќетковиќ е направена далечната 1976-та година.

Оваа сцена ги трогна фановите на пејачот, а комплиментите за хармоничното семејство и воспитувањето на пејачот не престануваат да доаѓаат.

Извор: www.gloria.rs