„Резервирав соба со прекрасен поглед на море“: Шокот кој го добила го нема ни во холивудски филм

Добивај вести на Viber

Инфлуенсерката Соња Денинг снимила видео на Тик Ток во кое открива како била измамена на одмор на остров во германското Северно Море.

Во видеото на Тик Ток, Соња Денинг објасни како резервирала хотел со прекрасен поглед на морето, а потоа ги шокирала сите нејзини следбеници, откривајќи дека всушност била измамена.

„Многу не зафркнаа“, изјавила 28 –годишната Соња во популарното видео кое собрало повеќе од 3,6 милиони прегледи, пренесува Њу Јорк Пост.

Инфлуенсерката резервирала сместување за викенд во Вестерланд на Зилт, остров во германското Северно Море.

Според фотографиите, сместувањето требало да нуди прекрасен поглед на брегот.

„Со нетрпение очекувавме да ја видиме оваа прекрасна глетка“, раскажала Денинг за швајцарскиот информативен сајт Blick.

Меѓутоа, кога пристигнала во хотелот, Денинг брзо сфатила дека оваа живописна сцена е токму тоа - слика.

Во видеото, Денинг оди до прозорецот со неверојатен поглед на брегот, само за да открие дека тоа е само плакат од морето што виси над прозорецот од валканиот подрум.

Сопствениците на имот дури користеле индустриско осветлување за да ја имитираат сончевата светлина.

@sonnyloops HAHAHAH #airbnbfail #funny #verarscht Originalton - Sonny Loops

„Бевме како „Леле, каква прекрасна глетка имаме“, но погледнете, тоа е само фотографија. Ние сме само во подрумот“, разочарано рекла таа.

„Вие сте во кревет, полноќ е, но мислите дека е или вечер или утро. Тоа е прилично неверојатно", се пошегува таа.

Корисниците се импресионирани од лажниот изглед.

„Најневеројатно е што сликата изгледа сосема реално“, вели еден корисник, додека друг напишал дека на сопствениците „мора да им се дозволи да бидат креативни“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Извор: Zena.blic.rs