Риба- линијата до совршенство: Антониа во бикини- младата мајка во ултра секси летно издание
Атрактивната македонска пејачка Антониа Гиговска во интервју за Женски магазин најави дека ова лето ќе оди на летување семејно со сопругот и синот Киан, но и на уште едно летување само со сопругот.
Според објавите на социјалните мрежи летото за пејачката започна.
Во розово бикини во кое ја истакнува нејзината совршена линија, Антониа најави жешко лето.
„Време е за плажа“, напиша Антониа на инстаграм приказната.
Пејачката често ја гледаме како позира во бикини кога е во близина на вода. Во април пејачката беше на патување во Ровињ, Хрватска каде од таму направи неколку жешки фотографии. Тоа беше само почеток за она што следува ова лето.
Пејачката постојано настапува низ дискотеките и клубовите во нашата земја, па и доста внимава на нејзиниот изглед, како и што ќе облече за следен настап пред нејзината публика.
Неодамна нејзиниот изглед на една црна комбинација не им се допадна на нејзините следбеници па коментираа: „Стилот ти е катастрофа девојче вакви градници, зарем не гледаш како безврска ти стојат без навреда“.
Очигледно ваквите коментари не ја допреа пејачката, па возврати со следен секси чекор: Жена и црвен кармин ви е сигурно добитна комбинација, барем кај мене така се испоставило“.
Еве уште неколку изгледи од пејачката со кои настапува пред македонската публкика.Фото: Инстаграм