Рики дуже, чувај ги Каспер и Тобаго: Почина зоо-негувател од скопската Зоолошка градина

Добивај вести на Viber

На 44-годишна возраст почина зоо-негувателот, Ристе Трајковски од скопската зоолошка градина, кој седум години им посвети љубов на жирафите.

Тина Мицковска која работи односи со јавност во Зоолошка градина ја објави информацијата на социјалните мрежи.

„Рики друже, чувај ги горе Каспер и Тобого. Ќе фалиш “, напиша Тина.


Приказната на Трајковски и за неговата поврзаност со жирафите пишуваше и британски „Дејли стар“.

Фото: Фејсбук