Родители и нивните четири деца загинаа во пожар во Нови Сад: Живееја скромно, ова е незапамтено ФОТО

Добивај вести на Viber

Маја С.(23), Данијел А.(29) и нивните четири деца од две, четири, пет и седум години загинаа во голем пожар што избувнал во нивната куќа во Салајка, Нови Сад.

Според српското МВР, постои сомневање дека пожарот бил предизвикан од скутер кој бил приклучен на електричната мрежа.


- Маја и Данијел живееја скромно, се занимаваа со собирање на секундарни суровини. Од утрово цел град молчи, завиен во црно по ваква трагедија! Ова никогаш не се случило, не можеме да се вразумиме и веројатно уште долго ќе бидеме во состојба на шок. Сега треба да подготвуваме погреби, сето ова е страшно - велат соседите за српски Курир.


До нив живеел таткото на Маја, кој со боздоган се обидел да го урне ѕидот што ги делел, но не успеал да ги спаси.

-Вискаа и плачеа, а несреќникот удираше со сета сила обидувајќи се да го сруши ѕидот и да ги спаси од пламените јазици. Во еден момент веќе ништо не се слушна, ниту еден глас, а потоа знаеше дека се е готово, дека сите се мртви. Тоа што се случи е страшно, невидена трагедија – изјавиле за Курир шокирани соседи.


Припадници на Управата за вонредни ситуации, девет пожарникари со две возила го изгаснале пожарот, а полицијата и јавниот обвинител извршиле увид на местото на настанот.


Телата на жртвите се пренесени на обдукција во Центарот за судска медицина, а припадниците на МВР интензивно работат на утврдување на сите околности на овој трагичен настан.



FOTO: Facebook/ Instagram/192_rs